Скопјани брзаат и во недела, изречени 143 казни за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 262 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 143 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Полицијата напишала и 31 санкција за возење без возачка дозвола и 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, седум мерки за возач почетник, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестПоради блокадите: Дел од линиите на ЈСП ќе сообраќаат по изменет режим
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи трајно ги нарушија македонските позиции