ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи трајно ги нарушија македонските позиции

Ковачевски и Османи трајно ги нарушија Македонските позиции, и ја ставија државата во ризик од хибридни напади, за кој не кажуваат од што се состои, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека секои идни преговори ќе тргнуваат од почетната точка опфатена во предлогот.

-Со криење од јавноста, од експертите, од академската заедница и од парламентарните партии тие ја донесоа државата во опасност. За потоа да измислуваат наводни хибридни напади, за кои не кажуваат од што се состојат, кој е одговорен и зошто не преземале ништо. Ковачевски и Османи наместо да продолжат со молчење да кажат од кого е нападната државата и зошто не го спречиле тоа, ако тоа се случило?, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата и поралува на власта да не бега од одговорност.

-Тие 6 месеци тајно преговарале и носат вина за нанесување на трајна штета на државата и нејзините преговарачки позиции, но и за неуспехот кој државата го има на патот кон ЕУ. Ковачевски, Османи и целата влада треба да си заминат. Потребни се избори веднаш, наведуваат од оваа партија.

Претходна вестСкопјани брзаат и во недела, изречени 143 казни за брзо возење
Следна вестСДСМ: Ги штитиме државните и националните интереси