Скопјани утре без јавен превоз, најавен штрајк во ЈСП „Скопје“

Без јавен превоз од страна на најголемиот градски превозник ЈСП „Скопје“ утре ќе останат граѓаните на скопското подрачје откако вработените најавија дека нема да работат во период од 4.30 до 12.30 часот. Од Штрајкувачкиот одбор објаснуваат дека причина за штрајкот е тоа што нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

– Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години, вели синдикалецот Маријан Поповски.

Тој истакнува дека штрајкот е законски најавен, а од ракововодството на фирмата никој досега не ги послушал нивните барања веќе подолго време.

– Раководството на ЈСП е должно по закон да преговара со нас, но од нивна страна немаме никаква повратна реакција. Ние утре ќе излеземе на штрајк кој ќе започне пред управната зграда и ќе трае до 12.30 часот, а дел од него ќе бидат возачите во сите смени, а тоа е бројка од околу 200 луѓе. Доколку никој не се удостои да нѐ прими и да разговара со нас, по 12.30 часот сите си заминуваме дома и во Скопје пак ќе нема автобуси, изјави Поповски.

Претходна вестСрбин напикал 10 мигранти во неговото „ауди А6“, уапсен кај Прдејци
Следна вестДанела Арсовска: Извојувавме уште една победа, Скопје се чисти