Скопјани за загадувањето: Кога нема мерки, нека се сади барем зеленило, и не само негде, туку сегде!

Општина Бутел вчера ја извести јавноста дека хортикултурно уредува 3000 квадратни метри во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“. Идејата била да се намали аерозагадувањето. Акцијата е за поздрав, иако и ова не заслужува да се третира како издвоена информација бидејќи тоа е и работата на локалната власт. Сепак во време кога Скопје е во врвот на листата најзагадени градови во светот, а не слушнавме ниедна мерка за заштита – секако заслужува признание.

Жителите на Бутел делумно се и задоволни, но и не. Сметаат дека не треба само земјиштето во училиштето да се уредува со зеленило, туку и многу други делови на населбата.
-Малку е тоа, треба да се „удри“ итно, на повеќе места, ама и не само Бутел, туку цело Скопје. Ако сакаат навистина да се борат со загадувањето, сите градоначалници би требало да направат вакво нешто,а не да ги украсуваат улиците што се распаѓаат, со грдни пари, пишуваат скопјани на социјалните мрежи.

Бутел најави дека проектот за создавање на нови зелени површини ќе продолжи постојано, до 2021 се додека не се исполни општината со зеленило.

Претходна вестРегистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус
Следна вест„Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“ – изложба на отворено во четврток