Скопје без традиционалната новогодишна прослава, музичарите сами организираат забава на Плоштадот

Градот Скопје оваа година не организира традиционален дочек на Новата година на градскиот Плоштад, но музичарите самоиницијативно одлучија да приредат новогодишна забава за граѓаните. По недостигот на официјални информации од Град Скопје како ќе се прослави новогодишната ноќ, Здружението на естрадни уметници „Естрада“ покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава.

– Бидејќи видовме дека Град Скопје не организира прослава за новогодишната ноќ, решивме ние тоа да го направиме заедно со компанијата „СЛС“, изјави Горјан Стојановски, претседател на Здружението на естрадни уметници „Естрада“ .

На бината ќе продефилираат голем број познати музички имиња од нашата естрада чија настап ќе биде финансиски покриен од спонзори.

Осврнувајќи се на музичкиот дел, Стојановски најави дека програмата започнува во 20.30 часот со групата South Park која ќе настапи со странска музика за сите вкусови. При тоа, ќе изведат и нова, но и ретро музика. Во 21.30 часот ќе може да се проследи настапот на поп дуо бенд „Дупер“ кои ќе настапат со македонска авторска музика. По нив настап ќе има Ристо Самарџиев.

Атмосферата ќе се вжешти со настапот на мераклиите од „Мерак меана“ кој е предвиден за во 22 часот. Ќе пеат: Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ и други. По нив повторно ќе настапи Ристо Самарџиев. И пеачката Елена Ристеска преку Инстаграм го најави своето учество на новогодишниот пречек на плоштадот.

Претходна вестЛука најчесто име кај новороденчињата, чести биле и Јана и Софија  
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Во новата година оваа влада ќе падне, за Македонија да се крене