Скопје доби нов зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

Форрмиран е и хортикултурно уреден нов зелен плоштад на кејот „Димитар Влахов“, информираат од Град Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ според надлежните, го завршиле уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.

– Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки. Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се изврши прекопување и отстранување на површинскиот слој што се замени со квалитетна почва. На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата, соопштуват од Град Скопје.

Претходна вестБугарското собрание го прифати францускиот предлог и додаде уште четири услови
Следна вестОсмани и Маричиќ за сопствената одговорност: Прашањето на успех е релативно и зависи што значи успех