Скопје: Ограбено момче, нападната жена на улица, тепачка во Чаир…

Пари, мобилен телефон и рачен часовник ограбиле двајца насилници кои ноќеска во 01 часот го нападнале 22-годишниот А.С. пд Скопје. Полицијата соопшти дека нападот се случил на крстосница од ул.„Димитар Благоев“ со ул.„Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ во населбата Лисиче.

Вчера, пак, во 12.45 часот, М.П.(73) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била физички нападната од С.М.

Ноќеска, пак, половина час по полноќ било пријавено дека на ул.„376“ во Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.И.(38) и Б.И.(26), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир

Претходна вестСредните училишта се пожалија на Шилегов за нестабилен интернет и недостиг на комјутери за онлајн настава
Следна вестПочинат маж најден во велешко, беше исчезнат три месеци