Скопска сообраќајна култура: Возат и телефонираат, некаде брзаат…

Повторно голем број на возачи е санкциониран од страна на полицијата поради користење на мобилни телефони во текот на возењето. МВР денеска соопшти дека таквата казна вчера е изречена на 13 возачи меѓу вкупно 152 изречени мерки. Претходните два дена на пример, биле изречени 15 такви казни, односно 16.

-Изречени се и 19 санкции за возење повеќе од дозволената брзина 19, седум за возење без возачка дозвола, шест за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 62 санкции за непрописно паркирани возила, се наведува во денешниот полициски извештај.

Полицијата уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестПроф. Чепреганов: Џабе имаше јавна расправа, ќе добиеме октроирана-Франкештајнска реформа за основно образование
Следна вестНашиве од власта лидери ли се?