Безживотно тело на жена од реката Пчиња кај Катланово извадија вчера скопски пожарникари.
Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под мостот во Катланово, во непосредна близина на црквата „Св.Недела“.
-Непристапноста и сложениот терен ја отежнуваа работата, но на крајот безживотното тело од реката беше извадено, соопштија од скопската пожарна.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукација.