Скопските возачи никако да научат каде да паркираат

Санкции за непрописно паркирање вчера биле најчести коишто ги изрекнувала полицијата при акциските контроли. МВР денеска соопшти дека поради тој прекршок биле казнењти 48 возачи.

Според полицијата, на територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

-Изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за прекршоци што ги чинат мотоциклистите, 48 за непрописно паркирање…, се наведува во редовната информација.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Претходна вестПроменливо облачно време со услови за слаб локален дожд
Следна вестНов круг на преговори, Зеленски подготвен да прифати „неутралност“