Продолжува патувачкото кино на „МакеДокс“. Следниот кино-викенд е дури на 3 и 4 септември во село Пекљани, Виница, но тоа не значи дека „МакеДокс“ се исклучува периодот што следи.
Во меѓувреме, неделата од 19 до 26 август, ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот „МакеДокс“ во Скопје.
Инаку, на вебсајтот и на ФБ-профилот на „МакеДокс“ веќе може да се најдат отворениот повик за волонтери, како и повикот за продуценти/автори на документарен филм за учество на МакеКоПроДокс форумот за 2021 година.