Агенцијата за иселеништвo ја промовираше својата нова веб страна

Тимот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, во изминатите 6 месеци, работеше на изработката на новата официјална интернет страна на Агенцијата, наменета пред се’ за информирање на иселениците со секојдневните случувања во државата, како и со активностите на иселеничките организации ширум светот. Изработката на новата страна, воедно е со цел да се внесат новитети при информирањето на јавноста како во земјата така и во дијаспората. Покрај досегашните рубрики, преку кои јавноста беше информирна за активностите на нашите иселеници, во нивните матични земји, сега имаме можност, преку новите рубрики, да ја информираме дијаспората за активностите и актуелностите од општините од каде што потекнуваат самите иселеници, за новини од областа на спортот, културата и наставата на мајчин јазик.

Оваа замисла е пред се’, да се засили веќе воспоставената соработка помеѓу иселениците, иселеничките организации со Република Северна Македонија, а воедно и да се обезбеди нов, модерен обостран агрегат на информации, од земјата и дијаспората. За прв пат, иселениците и иселениччките организации, имаат можност да учествуваат директно во креирањето на содржините и доработката на веб страната, како нивен информатор, преку давање на можност за директни сугестии и предлози во однос на содржините.

Тимот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, останува посветен и отворен за соработка, предлози и сугестии од иселениците и иселеничките организации, преку кои ќе можеме да црпиме информации, кои ќе ни користат во градњето на активностите и политиките на делување на Агенцијата.

Претходна вестСледниот кино-викенд на „МакеДокс“ е на 3 и 4 септември во с.Пекљани, Виница
Следна вестЖелезарци на протести за „улицата на смртта“ – да се воведе ред на Коце Металец!