Слики кои ги немало во Германија: Земјоделците ја блокираат државата

Најголемата економија во Европа има проблеми. Илјадници земјоделци во Германија и денеска ќе ги блокираат главните патишта со трактори. Ќе протестираат и пред клучните владини институции.

Едноставно, од вчера во Германија се гледаат сцени на кои не е навикната земјава. Поради масовноста, државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека речиси ниту еден дел од државата нема да функционира нормално.

Како што пренесуваат германските медиуми, блокирани се влезовите улиците и сообраќајот е парализиран.

Според најавата на синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ, треба да започне и тридневен штрајк на железницата, кој се очекува да трае до петок.

Земјоделците во Германија вчера ги започнаа протестите со 100.000 трактори против укинувањето на земјоделските субвенции за дизелот.

Како ќе излезе на крај официјален Берлин со се поголемото незадоволство на населението од економската состојба во земјата ќе се види наскоро.

Претходна вестУбаво: Симон Трпчески со „Македонисимо“ и во Монте Карло
Следна вестПа нели Македонија ќе беше една изборна единица?