Словенија се заблагодари за укажаната македонска помош за поплавите

Амбасадата на Република Словенија во Скопје се заблагодарува за укажаната меѓународна помош на државите кои и излегоа во пресрет на катастрофалните поплави што ја погодија земјата неодамна во кои загинаа шест лица и беше причинета огромна материјална штета.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук амбасадата на Словенија во земјава наведува дека е благодарна за меѓународната искажана помош на вкупно 15 држави меѓу кои и на Р.С. Македонија кои помогнале со механизација, луѓе и материјалната помош.

– Искрена благодарност за солидарноста и помошта, стои во официјалната објава на Фејсбук потпишана од словенечката влада.

Претходна вест„Стоп за должничкото ропство“, закажан нов протест против извршителите
Следна вестПовеќе од 40 земји сакаат да се приклучат на БРИКС