Со БМВ ја искршил наплатната рампа, а потоа удрил и во полициско возило

Приведен крајно неодговорен возач во скопско. Имено, триесетгодишен жител на скопското село Батинци ноќеска со „бе-ем-ве“ дивеел на автопатот Скопје – Куманово, при што ја искршил рампата на наплатната станица Романовце. Потоа на влезот во Скопје удрил во полициско возило.

Лицето Б.С. било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестНајкрупните грешки ги направи народот што дозволи некадарници да ни ја решаваат судбината
Следна вестДо четврток сончево, по што следи заладување