Четириесетгодишен скопјанец е тешко повреден откако со „БМВ“ удрил во бетонски столб. Несреќата се случила ноќта меѓу сабота и недела во 3.30 минути на улицата „1732“ кај Градски парк.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.