Ми се здосади, само вируси гледам на македонските телевизиски вести. Те за корона вирусите кажуваат, те за политичатите кои ќе не спасиле од пандемијата. Не знае човек кој вирус е поопасен. Оној што ти влегува у белите дробови или оној што сака да ти влезе у мозок и да те натера да му веруваш дека те спасува.
Вакцина за првиот вирис уште нема дојдено у Македонија. Вакцина за вториот не е измислен, ама ја да ви кажам право даљинското го користам како вакцина. Почне ли некој вирус на две нозе да лаже на вестите, ја одма стискам на даљинското и вирусот е готов – го снемува од екранот.
И веќе толку сум изверзиран у борбата со пандемијата, шо и не чекам вирусот да почне да ме лаже, знам кој од нив слаткоречиво ќе манипулира и веднага чим го видам мењам програм.
Сега малку пораат сум оти овие политичките корони ми се некако поопасни и кај нив нема бран или пик. Цело време се у фронтален напад. Ги има насекаде и се трудат да се пренесуваат на разни начини и плус многу бре мутираат, крај не можеш да им фатеш.
Ама со даљинското… ко со оноа тепалката за муви ги мавам.