Со осмата еврообврзница ќе се затвора долгот од третата и буџетските дупки

Вчера нашата држава издаде еврообврзница во вредност од 700 милиони евра, со рок до 2028 година и со камата од 1,625 отсто.

Целта како што денеска официјаллно објасни министерот за финансии Фатмир Бесими е да се врати долгот од третата еврообврзница од 2014 година во износ од 500 милиони евра и остатокот од средствата ќе се наменат за финансирање на буџетскиот дефицит – за економските и здравствените мерки за справување со ковид-кризата.

Министерот тврди дека на вчерашната аукција, имало за 2  – 3 пати поголема побарувачка од меѓународните инвеститори, односно ако понудата за осмата еврообврзница беше 700 милиони евра, побарувачката била 1,6 милијарди евра од страна на над 130 меѓународни инвеститори.

Ова е осма еврообрвзница по ред.

Првата еврообрзница од 150 милиони евра земјава ја издаде во 2005 година и досепала во 2015, втората е издадена во 2009 година од 175 милиони евра и таа е доспеана во 2013 година, третата од 2014 година од 500 милиони евра доспева во јули годинава, еврообврзницата од 2015 година од 270 милиони евра доспева во 2023 година, еврообрзницата издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра и доспева во 2025 година и еврообрзница издадена минатата година од 700 милиони и доспева во 2026 година.

Претходна вестОпштина Центар: И по укинувањето на мораториумот за градба, продолжуваме со ревидирањето на ДУП-овите
Следна вестЈана Белчева: Уставниот суд не препозна како се нарушуваат основните права на граѓаните во Центар