„Совршената дадилка“ е филмот со кој во четврток ќе биде отворена манифестацијата „Месец на Франкофонијата“. Почнува во 20 часот во Кинотеката во организација на Францускиот институт во Скопје.
Според критиката, филмот е особено напнат трилер во стилот на Хичкок и Полански, суптилен и динамичен, кој совршено ги отсликува стравовите на модерното време.
Пред да почне филмот, најпрво ќе биде промовирана книгата со истоимениот наслов.