Собранието на Црна Гора усвои резолуција за геноцид во Јасеновац

Собранието на Црна Гора ја усвои Резолуцијата за геноцид во системот логори Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен.

За усвојување на резолуцијата гласаа 41 пратеник за, а еден против, пренесува подгорички Вијести. Немаше воздржани.

При гласањето, пратениците на опозициските партии ја напуштија салата.

Претседателот на собранието Андрија Мандиќ кажа дека е горд што е резолуцијата усвоена.

„Ова е резултат на наш договор и наша идеја. Никој во ова не се мешал од страна. Би сакал моите сонародници од Белград и Бања Лука на Петровден да ги пречекаме во Црна Гора, братски да се поздравиме и да кажеме дека сме еден сериозен народ и дека овој регион има иднина“, кажа Мандиќ.

На Резолуцијата веднаш реагираше Хрватска: „Министерството за надворешни и европски работи жали што Црна Гора одлучи да ги занемари повиците ан Република Хрватска да не се политизираат жртвите на Јасеновац и да не повлекува потези кои на негативен начин може да се одразат врз нашите билатерални односи и европскиот пат на Црна Гора“.

Официјален Загреб се закани дека Хрватска го задржува правото да одговори на соодветен начин.

Претходна вестДел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности
Следна вестМладинките загубија од Кина во последниот меч на СП