Сончево и облачно со попладневен дожд

Во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Изутрина, температурата ќе изнесува 9, додека во текот на денот ќе достигне 26 степени.

 

 

Претходна вестМакедонија ЃП против шампионот Струга во јубилејното 30. куп-финале
Следна вестИако предадени, храбрите македонски востаници пред 147 години го кренале Разловечкото востание веејќи првпат знаме со името Македонија