Сончево и стабилно до утре, од недела дожд и грмежи

Времето денеска и во сабота ќе биде стабилно, сончево и топло.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Претходна вестПадна договор: Моловите во неделите ќе работат една смена, за вработените двојно повисока дневница
Следна вестЦентар ќе му даде 100 илијади денари на семејството на донаторката, центарци го критикуваат оти се фали со ова