Центар ќе му даде 100 илијади денари на семејството на донаторката, центарци го критикуваат оти се фали со ова

100 илјади денари ќе му даде општина Центар на семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи.

– Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на Општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000,00 денари од Буџетот на Општина Центар, а средствата ќе ги донираме на нејзиното семејство, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Ваквата одлука е за поздрав, оти е хумана и во полза на семејството. Но според жителите на Центар не е информација со која општината треба да се фали во медиумите.

-Друго е кога градоначалникот дели хуманитарна помош на ранливи категории, па за тоа да има информации во медиумите, но кога станува збор за ваква донација, има ли потреба од медиумски помпи…
-Градоначалниците мора да разберат дека капиталните инвестиции, реновирани или новоизрадени улици е тема за во медиумите, а не доделената помош… пишуваат центарци на социјалните мрежи.

Можеби и семејствата кои ги добиваат парите не сакаат да се знае што добиле или треба да им се даде. Потегпт на Центар несомнено е за поздравување.

Претходна вестСончево и стабилно до утре, од недела дожд и грмежи
Следна вестРаспишан конкурсот за истражувачки проект од областа на ликовната критика