Сончево и топло со мала до умерена облачност

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. УВ=7.

Утринската температура се движеше од 9 до 13, а дневната ќе биде од 13 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Температурата изутринава изнесуваше 11 степени, а преку ден ќе достигне 31.

 

Претходна вестГи заклучиле децата во автомобил па отишле да се коцкаат
Следна вестСредношколците денес полагаат прв тест од државната матура, се полага тестот по мајчин јазик