Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 29 Целзиусови степени.
На подрачјето на земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. Утринската температура се движи од 6 до 12, а максималната дневна ќе достигне од 24 до 29 Целзиусови степени.
До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значително повисоки температури кои на места ќе бидат и над 30 степени. Во сабота од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.