Сончево и топло време со максимални температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Претходна вестИ Водовод и Бутел кренаа раце, Љубанци 16 дена нема капка вода
Следна вест„Езгија трио“ вечерва на репертоарот на „Скопско лето“