Сончево и ветровито, за викендот локален дожд

На скопското подрачје денеска се очекува сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринска температура ќе се движи околу -2 степена и дневна до 16 степени.

Слично време се очекува и во останати подрачја од Maкедонија. Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а дневните од 12 до 18 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува сончево и релативно топло време и во следните два дена, а веќе од петок ќе се зголемува облачноста. За време на викендот ќе биде променливо облачно со пад на дневните температури. Ќе има услови за повремен локален дожд, а на планините ќе има снег.

Претходна вестДо четврток топло, за викенд променливо време
Следна вестНовиот српски патријарх со иста политика кон МПЦ: Нема да има ни помалку ни повеќе разбирање од моите претходници