Сончево со ладнo утрo и дневна температура до 26 степени

Утринското сонце најавува убав есенски ден во Скопје. Метеоролозите најавуваат дека ќе има и мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во останатиот дел од Македонија по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Во деновите од викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.

Претходна вестМакедонските футсалци со пораз ги почнаа мундијалските квалификации
Следна вестГрадоначалниците да работат подобро и да му го дадат на Скопје она за што се платени