Сончево со локална облачност, температурата до 28 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 26 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност. Утре и во сабота ќе дува слаб до умерен, а во недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Претходна вестАвтобусот со македонски туристи се судрил со два камиони во Италија, возачот загина
Следна вестДел од Центар денеска без струја