Сончево со малку облаци

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 32 степена.

Претходна вестДенеска е Иванден, денот кога сонцето најмногу свети а водата и растенијата лекуваат
Следна вестПендаровски: Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат соодветно санкционирани