Пендаровски: Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат соодветно санкционирани

Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани, порачува претседателот Стево Пендаровски преку соопштение од неговиот кабинет.

– Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели.  Упатувам апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено најостро го осудувам носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност, се вели во соопштението.

Шефот на државата додаде дека полицијата вчера имала навремена реакција која спречи поголеми судири.

-Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок, заклучува претседателот.

Претходна вестСончево со малку облаци
Следна вестИнцидентот кај „Мавровка“ почна кога протестната колона беше нападната со шишињата и камењата од надвозникот