Сончево со малку облаци и северен ветер

Во Скопје денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Времето во останатиот дел од Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -6 до 0, а дневната од 6 до 16 Целзиусови степени.

До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.

Претходна вест„Мој термин“ вечерва, утре и задутре во МНТ
Следна вестПо цел месец парламентарното мнозинство ќе се обиде да биде сериозно