Силното утринско сонце го најавува топлиот ден во Скопје. Метеоролозите предвидуваат дека во главниот град на Македонија и во околината ќе имаме сончев период со суво време и повисоки темератури кои ќе растат се до крајот на викендот кога се очекува да бидат околу 35 степени.
Ваквиот топол бран ќе биде карактеристичен и за постанатиот дел од Македонија, односно времето ќе биде под влијание на сува и топла воздушна маса. Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Можно е во делови од државата температурите да се искачат и до 38 степени.