Во огромен пожар изгореа 4 камиони во Бутел

По палењето на автомобили во Скопје, сега почнаа да горат и камиони. Имено, доцна синоќа целосно изгореле четири камиони паркирани на плац во Бутел. Пламените јазици биле големи и пожарникарите имале тешка задача да го гаснат огромниот пожар.

-Интервенција на паркинг за камиони во Бутел. Запалени 4 товарни возила марка Волво. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и прилолки, напишаа на Фејсбук од Противпожарната бригада во Скопје.

Се уште нема информација од полицијата како настанал пожарот.

За потсетување, вчера изгоре во Скопје еден автомобил, а од пожарот беа зафатени уште три возила.

Претходна вестОстанува забраната за свадби, крштевки и други прослави
Следна вестСончево со раст на температурите