Сончево со слаб јужен ветер, температурата до 34 степени

И утрово сонцето го најави топлиот ден. Метеоролозите предвидуваат дека времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ=8

Во главниот град на Македонија ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде во недела и понеделник, кога во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.

Претходна вестКој ги пали возилата во Скопје? Истрагата е во тек, истрагата е во тек, истрагата…
Следна вестМакедонец осомничен за двојно убиство во Малта