Сончево со слаб ветер и утринска магла

По утринската магла и ниската облачност во одделни котлини, во текот на денот времето во поголем дел од Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла која преку денот ќе се намали и ќе има ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 8 степени.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.  Денеска и во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

 

Претходна вестБез вода дел од корисниците на булевар „Партизански одреди”
Следна вестСкопје утрово меѓу 20 најзагадени градови во светот, прекумерна загаденост и во Тетово, Кичево, Кочани, Берово, Струмица…