Скопје утрово меѓу 20 најзагадени градови во светот, прекумерна загаденост и во Тетово, Кичево, Кочани, Берово, Струмица…

Македонска метропола утрово одново се најде меѓу дваесетте светски градови според загаденоста на воздухот. На интернет-страницата IQAir Скопје е рангирано на 19 место откако е забележан индексот на загадувањето 142, а што значи дека воздухот е нездрав за одредени сензитивни групи на населението.

Прекумерни концентрации на штетните ПМ2,5 и ПМ10 честички утрово покажаа и мерните инструменити на станиците на Министерството за животна средина. На нив е означено дека висока загаденост на воздухот е регистрирана на подрачјето на општина Центар, посебно кај пункотот Ректорат, а потоа и во Ѓорче Петров. Средна концентрација на овие штетни честички има на подрачјето на Гази Баба и Лисиче.

Висока загаденост утрово е забележана и во Струмица, Кочани, Тетово, Битола, Кичево, Гостивар и Берово.

Инаку, синоќа најлоша состојба беше забележана во Тетово каде беше измерена речиси 40 пати поголема концентрација на ПМ честички од дозволената. Синоќа, пак, во скопската општина Ѓорче Петров концентрацијата на ПМ 2,5 честички беше за 20 пати поголема од дозволената.

Поради големата загаденост на воздухот, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повикувајќи се на европскиот Индекс за квалитет на воздух на Европската агенција за животна средина, вчера издаде препораки до граѓаните. Меѓу препораките се граѓаните да останат дома ако немаат потреба да излегуваат, да се носи маска, да не се отвораат прозорците, да се намали физичкиот напор на отворено, редовно примање на терапиите, да се избегнува престој на отворено, да се користи прочистувач на воздух итн.

Претходна вестСончево со слаб ветер и утринска магла
Следна вестОд денеска битолчани имаат бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле