Стабилното, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска на скопското подрачје. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, максималната дневна температура се очекува да достигне до околу 31 степен.
Ваквото време со температури до 34 степени ќе се задржи и на подрачјето на целата земја. И во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ.