На 11 септември почнува првиот Скопски градски фестивал

Во петок почнува првиот Скопски градски фестивал. Часот е 19 а локацијата е на Плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ).

Според програмата тој е еднодневен фестивал, концепиран со програма од различни музички жанрови и учество на македонски уметници.

Првото издание е резервирано за музичката комедија „Телефонот“ во режија на австриската режисерка и кореограф Uschi Horner а ќе учествуваат двајца оперски пеачи и двајца музичари.

Претходна вестГори зградата на СЕП и МИА, луѓето се евакуирани
Следна вестСончево со умерен ветер