Денеска во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе биде потопло од вчера. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во останатите делови од Македонија времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува повремено засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал до 12, а максималната ќе достигне од 27 степени.
Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд.