Сончево со умерена облачност, во западните делови локален дожд

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Утре и в сабота попладне ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи.

Претходна вестГрабеж и пукање во спортска обложувачница во Бутел
Следна вестКазни за 182 возачи, 20 возеле без дозвола, 10 поминале на црвено…