Сончево време со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Претходна вестПролет ја мина првата пречка во групата 2 од Купот на Македонија
Следна вестПрекинато водоснабдување во делови од општина Кисела Вода