Сонце со умерена облачност, температура до 19 степени

На скопското подрачје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец и со температура до 19 степени. Утре попладне ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд и понекаде со појава на ретки грмежи.

Во останати подрачја од Maкедонија времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува умерен, на места краткотрајно засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.

В недела поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Претходна вестМКЦ стана дел од „Лајвјуроп“
Следна вестНов протест за случајот „Монструм“, ќе се повторат ли инцидентите?