Нов протест за случајот „Монструм“, ќе се повторат ли инцидентите?

Нов простест во врска со случајот Монструм“ ќе одржат денеска роднините и граѓани кои не ја прифаќаат изречената пресуда во овој судски случај. Според најавата, протестот ќе почне во 13:30 часот од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата.

Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош”, „Џон Кенеди”, „Цветан Димов”, како и бул.„Крсте Мисирков”, бул.„Гоце Делчев”, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден”, „ВМРО” и „Климент Охридски”, информираат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место, соопшти СВР Скопје.

Минатиот петок, исто така, беше најавен протест, но тој не се одржа.

На неодамнешните протести, пак, се случија повеќе инциденти во кои имаше 11 повредени полицајци и еден новинар. ОЈО Скопје поведе постапка и обвини вкупно осум лица за направените нереди. Од осум обвинети лица, досега тројца имаат првостепена пресуда од една година затвор. 

Претходна вестСонце со умерена облачност, температура до 19 степени
Следна вестМицкоски: Нема да признаеме пописни резултати ако не се според методологијата на ЕУРОСТАТ