Сообраќајка на магистралниот пат Кичево – Гостивар, повредени 4 лица

Четири лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево – Гостивар. Еден од настраданите е со потешки телесни повреди.

Вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички возила: „пежо“, со косовски таблички, управувано од Ф. М. (64) од Косово, „мерцедес“, управуван од М. Т. (33) од с. Конопница, Кривопаланечко, и „фолксваген пасат“, управуван од А. Б. (74) од с. Зајас, Кичевско, информираат од МВР.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на возилото „мерцедес“, а тројца сопатници од истото возило добиле телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кичево.

Претходна вестШверцувале украдени автомобили од Македонија и ги продавале во делови во Албанија
Следна вестМакедонска банкарска асоцијација: Недoстапни се услугите на банкомати или во трговија со картичките Visa и MasterCard