Сообраќајка во Скопје, едно лице тешко повредено

Деветнаесетгодишник е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Скопје. Сообраќајката се случила на улица „Ќемал Сејфула“.

– На 26.03.2023 вo 17.40 часот во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и мопед „јамаха“, управуван од К.Џ.(19) од Скопје. Во несреќата К.Џ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се вели во полициското соопштение.

Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЛajка ќе заловува бездомни кучиња во Центар
Следна вестСалвини уплашен од мигрантите: Италија е нападната