Лajка ќе заловува бездомни кучиња во Центар

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе продолжи со стратешко заловување на вездомни кучиња на подрачјето на општина Центар, соопшти денеска ова градско претпријатие. Акцијата ќе трае до 31 март.

-Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман. Ќе бидат посетени следниве локации: бул. Илинденска, Градски парк, Клинички Центар, ул. Самоилова итн, се наведува во информацијата.

Од ЈП Лајка апелираат до граѓаните доколку имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите или да го донесат директно во ЈП Лајка, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]

 

Претходна вестМилевски: Натпреварот против Фарските Острови не смее да биде поразличен од било кој друг
Следна вестСообраќајка во Скопје, едно лице тешко повредено