Сопственикот на опасниот отпад има рок од 30 дена да го дислоцира од селото Орман

Од страна на овластениот инспектор даден е рок, согласно закон, од 30 дена за да се дислоцира отпадот кој што е пронајден кај селото Орман, информира денеска градоначалникот на Александар Стојкоски. Тој рече дека е отворен предмет како постапка за отпадот кој го лоцираше инспекторот од општина Ѓорче Петров и дека е информиран Државниот инспекторат за животна средина.

-Во координација сме со Државниот инспекторат за Државниот инспекторат за животна средина. И во моментов се на терен за да го утврдат точно составот за да видиме за каков отпад станува збор. Максимално гледаме да ги запазиме сите процедури, со најбрзи рокови да пристапиме во интерес на здравјето на граѓаните да може тоа што е можно побрзо да се дислоцира, истакна градоначалникот.

Она што е нареден проблем е што дислокацијата на отпадот бидејќи според првичните информации од општина Ѓорче Петорв во Скопје нема депонија за складирање на ваков тип на отпад.

-Како што сум запознаен таков тип на депонија во околината нема. Истата состојба е со депонијата во Велес каде милиони тони се останати од топлницата. Државниот инспекторат е надележен да ја следи дозволата која ја издава компанијата со ваков тип на отпад. Додека Министерството за животна средина ја издава дозволата за животна средина, вели Стојкоски.

Претходна вестПовторно пукање во скопски „Ист Гејт“, посетителите во паника го напуштаат трговскиот
Следна вестПочина Илија Аџиевски, доајенот на македонското вајарство