Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19, додека 18 лица се починати, соопшти Министерството за здравство.
Од починатите, 9 починати лица се од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), 4 починати лица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица од Тетово (81г и 48г) и Битола (81г, 79г), едно починато лице од Гостивар (78г).
Од нив, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.
Од новите заразени, во Скопје се 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 531 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045, од 5.791 во Скопје.