Изгласани се субвенциите за ЈСП „Скопје“ на денашната, втора по ред, вонредна седница на Советот на Град Скопје. За ова, поддршка дадоа вкупно 25 советници во Советот, по расправата што беше водена по претпладневната седница на која не беше изгласан истиот предлог.
Со ова е исполнето барањето на вработените во најголемиот градски превозник за исплата на декемвриската плата. Сега се очекува во градот да продолжи да функционира јавниот превоз кој беше во прекин од 9 часот изутринава.
На продолжението од седницата најмногу кавги имаше околу тоа дали со претходно дадени субвенции од 2 милиони евра требаше да има пари и за исплата на декемвриските плати на вработените.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој ги намалува парите кои треба да се доделат на ЈСП. Од повеќе од 450 милиони денари, на 128 милиони, за да имало поголема контрола. Но, амандманот не беше прифатен.
На претпладневната седница немаше доволно мнозинство за изгласување на одлуката за субвеници од 11 милиони евра. Одлуката не помина за еден глас, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.